Македонскиот првак Еурофарм Пелистер одигра реми на гостувањето кај ГОГ Гудме во Данска, а во „Свендборг Арена“ и битолчани имаа поддршка од трибините.
Посебна приказна од овој меч доаѓа од трибините. Најгласната поддршка за младиот Павле Атанасијевиќ повторно пристигна од неговата понежна половина, Ева Трпеновска, одбојкарката на Пелистер Волеј.
Таа подолго време настапуваше за данскиот Брондби, а сега се врати во скандинавската држава за да го поддржи нејзиниот сакан и Еурофарм Пелистер.
Во време кога спортот носи притисок и одговорност, ваквата поддршка значи многу, а љубовта и стабилноста надвор од теренот често се темел на сигурноста на самиот терен.


























