Повредата на Домагој Дувњак на ракометното СП воопштно не е наивна. Капитенот на хрватската ракометна репрезентација не беше во можност да одигра колку што сакаше. На натпреварот од второто коло против Аргентина ja повреди потколеницата, а до финалето учествуваше со значително намален капацитет.
Дувњак сега се врати во својот клуб Кил. Тој мора да го одработи вториот дел од напорната сезона со Германците. Директорот на Кил, Виктор Силаѓи потврди дека се прават тестови на играчи кои се вратиле од своите репрезентации за да се утврди нивната состојба пред продолжението на клупската сезона.
„Се плашам дека нема да можеме да сметаме на него неколку недели. Тој беше апсолутен лидер кој го повлече тимот, неверојатна централна фигура. Ако не е таму, тоа секако ќе биде фатално за нас. Со голем број меѓународни играчи во тим како што е Кил, секогаш треба да претпоставите дека нешто вакво може да се случи.
Дувњак токму со мечот во финалето на СП се прости од репрезентативната кариера. Во хрватската репрезентација е од 2006 година, а последен меч му беше финалето против Данска во Осло кое Хрватска го загуби со 32:26.