Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Загреб, а потоа пристигнаа и лоши вести од Полска откако ГОГ Гудме славеше во драматичен меч против Висла Плоцк на гости со 35-34.
Тимот на ГОГ до триумфот дојде буквално со звукот на сирената, преку голот на Расмусен, и со тоа направи голем чекор напред кон осминафиналето.
Иако до крајот има уште четири кола, задачата за Еурофарм Пелистер да стигне до нокаут рунда станува пеколно тешка. Данците сега имаат две победи повеќе и осум бода, а и покрај тоа што двете екипи ќе одиграат меѓусебен меч во Данска, битолчани ќе мораа да бркаат најмалку две победи.
Шестата позиција што води во следната рунда моментално ја држи ПСЖ со шест бода, кој во следното коло го очекува дуел со Загреб.
Следниот предизвик за битолчани ќе биде Висла Плоцк во „Боро Чурлевски“, а секој друг резултат освен победа на овој натпревар би претставувало огромен чекор назад во борбата за осминафиналето.


























