Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Литванија со убедливи 33-24 и се наоѓа пред испаѓање од друштвото на најдобрите.
Сега следува битка за пласман од 21 до 24 место, во која само селекцијата што ќе биде 21 ќе обезбеди место на следното младинско ЕП. Ако Македонија биде 22, 23 и 24 ќе игра на следниот ЕХФ шампионат за младинки во 2027 или Б дивизија.
Избраничките на Даниела Новеска се држеа во првото полувреме и парираа до 9-9, а потоа противникот успеа да се одлепи на плус три, 12-9 и на пауза да замине со четири гола разлика, 16-12.
Второто полувреме мина во комплетна доминација на Литванија и ниту еднаш не ја спуштивме разликата под четири гола.
Македонските голманки беа солидни со 12 интервенции, но противничката голманка Левичкуте запиша дури 16 и беше една од причините за нашата слаба реализација. Старата болка – техничките грешки и овојпат беа дури 15 за Македонија, за разлика од Литванија која имаше само осум.
Немавме решение ниту за триото Жилинскас, Величкаите и Устилаите, кои комбинираа 23 гола. Во македонскиот состав по пет пати погодија Лашкоска, Димоска и Балоска. Утре е мечот против Фарски Острови.