Денес започна третото квалификациско коло за Европското првенство 2026 со четири натпревари.
Во групата во која се наоѓа Македонија, Естонија и Литванија одиграа меѓусебен натпревар, а бодовите ги освои литванската репрезентација, која триумфираше со 30:20.
Литванија, која во второто коло славеше против „црвено-жолтите“, сега има две победи, додека Естонија сѐ уште нема бод во овој квалификациски циклус.
Хрватска со одличната игра во вторите 30 минути дојде до триумф против Чешка од 33:29
Домаќините пружија голем отпор во првото полувреме, но во вториот дел останаа без сили и не успеаја да го одржат темпото.
Унгарија, на гостувањето во Подгорица, славеше со 29:26 и ја забележа третата победа во квалификациите, додека Црногорците, по победите против Словачка и Финска, го доживеаја првиот пораз.
Исланд немаше никакви проблеми пртотив Грција, одигра одлично во двете полувремина и победи со девет гола разлика, 34:25.
Квалификациите за ЕП 2026, 3. коло, резултати
ЧЕШКА – ХРВАТСКА 29-33
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА 26-29
ГРЦИЈА – ИСЛАНД 25-34
ЕСТОНИЈА – ЛИТВАНИЈА 20-30
18:30 ТУРЦИЈА – ШВАЈЦАРИЈА
18:45 ЛУКСЕМБУРГ – БЕЛГИЈА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ХОЛАНДИЈА
20:00 МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА