Литванија го одбра Вилнус за домаќин на Македонија

Машката репрезентација на Македонија во ноември ќе ги стартува квалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Стартот ќе биде со дуелот против Естонија во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.

Средбата од второто коло против Литванија на гостински терен ќе се игра во „Авиа Солушнс Арена“ во Вилнус.

Во квалификациската група 1 за Европското првенство 2026 година, уште е селекцијата на Словенија, со која ќе играме во март следната година.