Литванија без најдобриот играч против Македонија!

Најдобриот литвански репрезентативец Јонас Тручановичиус, во моментов член на бундеслигашот Штутгарт, нема да се врати во националниот тим.

Литванија е противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 година, но на дуелот на 10 ноември во Вилнус, селекторот Гинтарас Савукинас нема да смета на услугите на левиот бек.

Лани во октомври тој ги скина лигаментите на десното колено, а сезонава полека ќе ја враќа претпознатливата форма.

Во 2018 година стана европски првак со францускиот Монпелје, каде играше пет сезони, а беше лидер на селекцијата на Литванија во пласманот на ЕП 2022 година.

„Ветив дека еден убав ден, кога се ќе се среди, дефинитивно ќе се вратам во националниот тим. Но кога тоа ќе се случи, навистина не можам да ветам. Им се извинувам на фановите, и се надевам дека ќе ме разберат, бидејќи прво морам да се рехабилитирам“, вели Тручановичиус за сајтот на литванската федерација.

Првиот меч меѓу Литванија и Македонија е на програмата на 10 ноември во Виљнус, додека реваншот се игра следната година на 11 мај.