Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за финалните натпревари во Европскиот Куп.
Македонско-грчкиот двобој ќе го судат арбитрите од Литванија во Атина и од Португалија во Скопје.
АЕК Атина ќе го пречека тимот на Кирил Лазаров во „Сунел Арена“ в недела од 18:00 часот, а арбитражата им е доверена на Гитис Сниуревичиус и Андриус Григалионис.
Реванш натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ на 25 мај од 20:30 меѓу „сино-белите“ и грчкиот тим, ќе го судат Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс.