Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт во вториот дел успеа да го победи Астраион со 35:33 во натпревар од 10. коло во прволигашкиот плеј-аут.
За клубот од Гевгелија ова беше 6-ти триумф во вториот дел од сезоната и со новите освоени бодови се израмни со засега првопласираниот Овче Поле, двете екипи имаат по 20 бодови на свое конто.
Иако гостите од Струмица беа подобри во првото полувреме, на пауза имаа четири гола предност, 20:16, сепак, домаќините не се предаваа, заиграа поангажирано во второто полувреме и дојдоа до посакуваната цел.
Најефикасни во победничката екипа беа Горан Лисичков и Васил Зајков, двајцата ракометари постигнаа по осум погодоци.
Во тимот на Астраион листата на стрелци беше предводена од Душан Ангелов и Јордан Рингов со по пет погодоци, четири реалзиации имаа Васе Наков и Гоце Аргиров.