Тимот на Партизан Гевгелија имаше победнички старт во новата сезона од прволигашката конкуренција.
Избраниците на Ристо Узунчев по десетина минути кога беше 7-7, започнаа да ја преземаат контролата на теренот.
До паузата гостинските ракометари успеаја да стигнат до предност од шест голови, 19-13, а вториот дел беше само формалност.
Гевгеличани не само што ја задржаа, туку и ја удвоија разликата во нивна корист, па се израдуваа на бодовите во Кичево.
Горан Лисичков беше предводникот на Партизан Гевгелија со 11 погодоци, додека 16 за домаќините постигна Стефан Стефаноски.