Прославениот хрватски тренер Лино Червар доаѓа во Охрид, и ќе биде главен промотор на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“ што од 19 до 24 август ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“.
За време на одржување на турнирот Червар ќе биде дел од официјалната церемонија и ќе доделува дел од наградите што ќе бидат за најдобрите играчи на мечевите, но и на оние на турнирот.
Пред почетокот на турнирот планирана е прес конференција на која Лино Червар заедно со претставници на клубовите ќе го отворат турнирот. Еден од најтрофејните и најславни ракометни тренери своевремено беше тренер на Металург, и селектор на Македонија.
Во исто време додека трае турнирот во Охрод, Червар ќе има промоција и на неговата најнова книга, кога ќе биде понудена и за продавање, а истовремено лично Лино Червар ќе ги потпишува книгите за време на промоцијата.
На турнирот во Охрид ќе играат осум екипи подлеени во две групи. Во едната група се Вардар, Динамо Панчево (Србија), Требње (Словенија) и Еурофарм Пелистер. Во другата група се: Охрид, Торшавен (Фарски острови), Партизан (Србија), Нексе (Хрватска).
Актуелен победник на турнирот во Охрид од 2024 година е екипата на Вардар.