Настапот на Данска на ова Европско првенство може да се опише како совршенство. Данската доминација и начинот на кој ги уништува сите ривали досега не се видени.
Веројатно сите ќе помислат дека во соблекувалната на светските шампиони цветаат рози. Но сепак не е. Најискусниот и највозрасниот член на Данска, како и на цело ЕП, 43-годишниот Ханс Линдберг, јавно го изрази своето незадоволство.
Најдобриот стрелец во историјата на Бундес лигата и едно од најдобрите десни крила е бесен, бидејќи смета дека е „жртва“ на тактиката на селекторот Николај Јакобсен. Тој на десно крило го преферира десниот бек Никлас Киркелоке, бидејќи тој може да игра во двата правци и да го ослободува Матијас Гидсел во дефанзивните задачи. Таа тактика досега покажа резултат, но Линдберг не е задоволен.
„Така играме во овој момент. Но мислам дека штета е што е така. Јасно е, играта е многу поубава, позабавне кога јас сум на теренот и кога има повеќе прилики за гол. Ова е ракомет, а не „трчање“. Да сакав да трчам, ќе тренирав атлетика“, изјави Линдберг за „ДР Спортен“.
Данска се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, а по триумфот над Норвешка, ја однесе со себе и селекциите на Шведска во ТОП 4.