Poland vs USA, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Porec, Croatia, 28.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Лијевски повеќе нема да биде селектор на Полска

Според пишувањата на ТВП Спорт, машката репрезентација на Полска ќе добие нов селектор.

Актуелниот селектор на Полска, Марцин Лијевски, поради лошиот резултат на Светското првенство 2025 нема да продолжи да ја извршува селекторската функција.

Полска иако имаше цел да ја помине групната фаза на Мундијалот во јануари, сепак, настапот го заврши на 25. позиција.

Како што е познато, дури траеше Светското првенство, имаше скандал во полската репрезентација

Најверојатно новиот селектор на Полска ќе биде странец, а кој ќе дојде на местото на Лијевски, останува да видиме во наредниот период.

Скандал во Полска: Најголемата ѕвезда ја напушти репрезентацијата среде СП без дозвола!