По пауза од два месеци на сцена се враќаат натпреварите од Лигата на шампионите, а следен предизвик за македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе биде Висла Плоцк.
Полскиот шампион ќе гостува во Битола на 19 февруари, а овој дуел е значаен за пелистерци во битката за осминафиналето на најелитната конкуренција.
Во продажба се пуштени билетите за овој натпревар, а покрај стандардните места на продажба во Битола, може да се набават и онлајн ТУКА.
Цената на билетите е како и досега – 450 и 550 денари во зависност од местото што ќе одберете за седење во салата „Боро Чурлевски“.
























