Викендов се комплетираа натпреварите од третото квалификациско коло во Лигата на Европа и познати се сите учесници во групната фаза.
По поразот и на вториот меч од Елче, со 32-28, хрватскиот вицепрвак Локомотива Загреб каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска ги заврши европските настапи. Седлоска беше најдобар стрелец на мечот со Елче и постигна пет гола, но тоа не беше доволно за нешто повеќе на овој натпревар.
Најинтересно беше на дуелот меѓу Кобержице и Ларвик, чиј регуларен дел заврши со победа на полскиот тим 39-38. Тоа значеше дека ќе има пенали, а некогашниот норвешки гигант, успеа со триумф од 5-4, да направи голем европски успех.
Германија ќе има дури четири претставници во групната фаза – Борусија Дортмунд, Турингер, Бломберг и Бенсхајм, три од Норвешка – Фредрикштад, Сола и Ларвик, потоа по две француски екипи – Дижон и Париз, две шпански – Бера Бера и Елче и две од Романија – Дунареа Браила и Валчеа.
По еден претставник ќе имаат Полска – Заглебје, Данска – Икаст и Унгарија – Мошонмаѓаровар.
Лига на Европа, 3 квалификациско коло, резултати:
Савехоф (Шведска) – Заглебје (Полска) 30-28, 23-27
Сола (Норвешка) – Брул (Швајцарија) 33-23, 37-32
Ларвик (Норвешка) – Кобержице (Полска) 30-29, 38-39, 5-4 пен.
Локомотива Загреб (Хрватска) – Елче (Шпанија) 21-28, 28-32
Дижон (Франција) – Зрињски (Хрватска) 43-12, 26-17
Борусија Дортмунд (Германија) – Бањик Мост (Чешка) 36-32, 37-23
Турингер (Германија) – Вац (Унгарија) 34-22, 34-29
Бломберг (Германија) – Мецинген (Германија) 30-21, 35-27
Валчеа (Романија) – Дебрецин (Унгарија) 33-31, 31-28
Хорс (Шведска) – Париз (Франција) 25-30, 23-33
Лублин (Полска) – Бера Бера (Шпанија) 23-19, 20-26
Драгана Петковска и Ангела Јанкуловска со нивните Салерно и Славија Прага имаа „македонски“ двобој, а понатаму во осминафиналето оди чешкиот тим, па Јанкуловска ќе биде единствената од интернационалките во следната рунда.
Елиминации имаше и за Сара Стефаноска (пет гола), која со Јагодина одигра само реми со грчкиот Јонијас, 23-23, додека Ивона Трпевска (еден гол), на два пати минимално на домашен терен загуби од исландскиот Хаукар.
Тимот на Чаир ќе продолжи да ја брани честа на Македонија во осминафиналето, откако со две победи го елиминираше португалскиот тим Колехио Де Гаиа.
Покрај Чаир, во осминафиналето ќе има три шпански екипи – Порињо, Ваљадолид, Малага, две од Исланд – Хаукар и Валур, две од Чешка – Славија Прага и Хазена Кинжварт, потоа две грчки – ПАОК и Јонијас, како и по еден тим од Португалија – Мадеира, од Полска – Гњиезно, од Словачка – Јувента Михаловце, од Холандија – Унирек, од Украина – Галичанка, како и од Австрија – Ацгерсдорф.
Европски Куп, 3 коло, резултати:
Порињо (Шпанија) – Бурса (Турција) 34-26, 24-26
Ускудар (Турција) – Мадеира (Португалија) 25-28, 20-36
Гњезно (Полска) – Ериче (Италија) 30-18, 26-26
Валур (Исланд) – Кристијанштад (Шведска) 27-24, 29-24
Малага (Шпанија) – Сао Педро Сул (Португалија) 32-15, 24-23
Јувента Михаловце (Словачка) – Груде (Босна и Херцеговина) 44-20, 39-22
Јонијас (Грција) – Јагодина (Србија) 27-20, 23-23
Дуделанж (Луксембург) – Унирек (Холандија) 22-30, 31-36
Железничар Инџија (Србија) – Ваљадолид (Шпанија) 20-32, 21-23
Истогу (Косово) – Кинжварт (Чешка) 30-44, 32-34
Салерно (Италија) – Славија Прага (Чешка) 20-32, 32-29
Х71 (Фарски Острови) – ПАОК Солун (Грција) 23-31, 22-30
Галичанка (Украина) – Гарабах (Азербејџан) 33-20, 34-19
Колехио Де Гаиа (Португалија) – Чаир (Македонија) 25-29, 26-28
Гореле (Турција) – Ацгерсдорф (Австрија) 32-35, 26-35
Далматинка (Хрватска) – Хаукар (Исланд) 23-24, 16-17