Лига на шампиони за „доручек“ – пелистерци на Ф4 ќе играат во рани зори!

Европската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите на завршниот турнир во првото издание на младинската Лига на шампиони, а Македонија ќе има свој претставник – Еурофарм Пелистер.

Иако беше најавено дека ќе се игра во Келн, сепак двата меча од полуфиналето и оној за третото место ќе се играат во салата во Дормаген, град во близината на Келн.

За да нема поклопување на термините со сениорите, кои играат од 15:00 и 18:00, ЕХФ ги закажа средбите на младинците од 09:00 и 11:30 часот на 14 јуни.

Во првиот утрински термин на мегдан ќе излезат Еурофарм Пелистер и данскиот ГОГ Гудме, додека во второто полувреме ќе се соочат Барселона и Веспрем.

Мечот за третото место е в недела на 15 јуни од 09:00 часот исто така во Дормаген, додека само финалето ќе биде одиграно во „Ланксес Арена“ во Келн од 11:30 часот.