Лига Европа: Нексе победнички се враќа од Шведска

Со одлична игра во второто полувреме од натпреварот во Шведска кај Кристијанштад, ракометарите на Нексе триумфално се враќаат дома, 36-34 (18-21) по првиот осминафинален дуел од Лига Европа. И во вториот меч триумфирааа гостите, откако Флезбург победи на гостувањето во Архус со 38-32.

Успеаја Хрватите да се одбранат во последните минути кога домаќините лесно постигнуваа голови, а нападот на Нексе се „мачеше“ да дојде до ситуација, но сепак знаеја како да најдат пат до мрежата на домашниот голман. Во последните десет минути од средбата гостите влегоа со предност од 32-29 што им даваше надеж дека можат дома да се вратат со триумф. И во тоа успеаја.

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето ќе „налета“ на Кил. Но, прво треба да се одигра реваншот во Хрватска следниот викенд. Тин Лучин имаше 9 гола од 13 обиди, а Александар Цениќ даде 5 гола за Нексе. Кај домашните седум гола постигна Аксел Мансон, а еден помалку даде Емил Френд Офорс.

„Во игра“ беа и ракометарите на Архус, и тоа се до 52 минута кога последен пат се приближија резултатски, 29-31, а претходно и го израмнија неколкупати резултатот. Но, гостите не дозголија никакво изненадување па со фузиозен финиш направија разлика која би требало да им биде „комотна“ пред реваншот во Германија. Победникот од овој двомеч во четвртфиналето треба да игра со Хановер.
Јоханес Гола со 9 гола и Марко Гргиќ со 8 беа најпрецизни кај Флензбург, а кај домашните 8 гола постигна Емил Ларке.