Тимот на Младост Богданци одработи рутински на гостувањето кај Шампион и славеше со убедливи 43-16.
Tренерот Горан Андоновски им даде шанса за игра на сите ракометари кои уште по првиот дел ја обезбедија победата, 21-9.
Ѓорѓе Атанасов со седум и Антонио Николоски со шест погодоци беа најдобри стрелци кај Младост, а Давид Јовчевски даде осум за домашниот состав.
Младост Богданци е лидер со максимален број бодови, 20, додека Шампион е претпоследен со два бода.
Во следното коло тимот од Богданци ќе игра дома со Аеродром, додека Шампион ќе гостува кај Јехона.

























