Кружниот напаѓач на Охрид, Николаос Лиапис, доби репрезентативен повик од селекторот Георгиос Заравинас за претстојниот собир и настапот на „Златната лига“ во холандскиот град Алмере.
Заравинас повика 19 ракометари, а на списокот покрај Лиапис од Охрид, се Буковинас од германскиот Кобург, Тоскос од францускиот Шамбери, Боскос од унгарскиот Будаи, Цорзингис од словенечкиот Горење…
Грците ќе се соберат на 3 јануари, ќе тренираат до 7 јануари пред да заминат за Алмере, а двете средби од „Златната лига“ ќе се играат на 8 и 10 јануари.
На 8 јануари ќе играат Грција и Холандија, додека дуелот меѓу нашиот јужен сосед и Данска на 10 јануари ќе биде последна проверка за светскиот првак пред стартот на ЕП и двобојот со Македонија.

























