Минатата сезона беше последна во богатата кариера на левиот бек Јовица Младеновски, кој кажа крај на 37 години.
Младеновски последната сезона ја одигра во дресот на Струга, со која обезбеди место во разигрувањето за титулата.
Тој потекнува од школата на некогашниот тим Македонија, долги години беше дел од Пролет, пред да замине во Металург, каде играше под палката на Лино Червар. Во тоа време се наоѓаше и на поширокиот список на сениорската репрезентација на Македонија.
Следуваше трансфер во Зомимак Струмица, а со оваа екипа играше во регионалната СЕХА лига и во ЕХФ Купот. Потоа Младеновски го имаше првото и единствено интернационално искуство и мина една сезона во израелскиот Хапоел Ришон.
Во 2016 година имаше камбек во Македонија и одигра две сезони во тимот на Охрид, а потоа пет сезони го носеше дресот на Бутел Скопје, со кој исто така настапуваше во европските купови.