Лев бек од Тунис дојде во Битола!

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 во финишот на сезоната од прволигашкиот плеј-оф ќе биде засилен со интернационалец од Тунис.

Станува збор за левиот бек Мохамед Бен Азиз Махфуд, кој има 22 години и веќе го имаше своето деби во тимот на Александар Зарков.

Потекнува од Клуб Африкан, а настапите за Еурофарм Пелистер 2 ќе му бидат првото интернационално искуство.

Махфуд веќе настапи на натпреварите против Младост Богданци и Скопје, и ќе биде опција плус во нападот на идниот суперлигаш.

На три кола до крајот Еурофарм Пелистер 2 има 26 бодови и два заостанати натпревари, досега нема пораз, па веќе на 22 мај може да биде промовиран во старо-нов суперлигаш.