Летонија ќе добие нов селектор, Чутура се сели во Катар

По три години на клупата на машката ракометна репрезентација на Летонија, Давор Чутура одлучи да поднесе оставка.

Во овој период тој успеа значително да го подигне нивото на игра, работејќи без притисок и создавајќи препознатлив стил на селекцијата, но смета дека е време за ново поглавје во кариерата.

Причината за неговото заминување е примамливата понуда од катарскиот Ал Рајан.

„Не можеше да биде поинаку. Едно поглавје мораше да се затвори за да започне следното. По три години, повеќе нема да бидам селектор на Летонија. Започнувам нов, амбициозен и возбудлив предизвик со Ал Рајан,“ напиша Чутура на социјалните мрежи.

Некогашниот член на Еурофарм Работник ќе работи во Катар во следните две години.