Второпласираниот тим од минатата сезона, тимот на Чаир, денеска ја оствари втората победа во Женската лига, откако на гостувањето кај дебитантот Ѓорче Петров 2 одигра доминантно во двете полувремина и славеше со 41:23.
Избраничките на Басри Љатифи триумфираа со, а сѐ беше познато уште во првиот дел, кој чаирчанки го добија со 20:14 и рутински ги одиграа вторите 30 минути, во кои
Чаир во следното коло е слободен, додека во 4. коло, кое ќе се одигра по ЕХФ неделата, за ривал го има тимот на Скопје.
Избраничките на Милева Велкова следниот викенд ќе играат против Скопје и ќе се обидат да се претстават во подобро светло.
Стефанија Ѓеоргиевска одигра одличен натпревар, постигна 16 погодоци во мрежата на домаќинките. Кај дебитантот најпрецизна беше Ива Велкова со шест погодоци.
На прв сезонски триумф се израдува Скопје, кој во Струга кај Стружанка триумфираше со 31:17 (16:10).
Најефикасна во победничката екипа беше Марија Стојановска со осум погодоци, а кај домаќинките Маја Раткушиноска имаше десет реализации.