Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, беа извлечени двојките за стартните кола од Лигата на Европа и Европскиот Куп.
За ривал во втората рунда во Европскиот Куп, освојувачот на трофејот во македонскиот Куп го доби составот на Драгунас Клаипеда од Литванија.
Ракометарите на Кире Лазаров втора сезона по ред ќе играат на меѓународна сцена откако минатата сезона беа дел од Лигата на Европа.
Првиот натпревар ќе се игра во Македонија на 19/20 октомври, додека реваншот е во Литванија на 26/27 октомври. Победниците од 32 парови ќе се пласираат во третото коло од третото по ранг европско клупско натпреварување.
Во машкото издание на Европскиот Куп, покрај „сино-белите“ од Автокоманда, ќе играат уште Охрид и Тиквеш.