Лесјак: Ќе нè чекаат повеќе од 6.000 Македонци, но навикнати сме на натпревари под притисок

Пред машката репрезентација на Македонија е голем предизвик во квалификациите за ЕП 2026 и двомеч со силната Словенија, која се соочува со големи проблеми пред патот за Скопје.

Еден од оние што најдобро ги познава македонските репрезентативци и атмосферата е голманот Урбан Лесјак.

„6.000 и повеќе возбудени Македонци ќе не чекаат нас. Првото нешто е што треба да бидеме подготвени за таква атмосфера. Мислам дека сме навикнати да играме натпревари под притисок, но овој може да биде специјален затоа што ракометарите на Македонија имаа добар настап од Светското првенство. Сакаме да освоиме бодови кои ќе не однесат на првото место и ќе ни донесат полесна ждрепка за Европското првенство“, изјави Лесјак за „Дело“.

Првиот меч меѓу Македонија и Словенија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 12 март од 20:00 часот, додека вториот дуел е во Копер во салата „Бонифика“ на 16 март од 18:30 часот.

Нови проблеми за Словенија: Зорман е болен, Јанц и Макуц доаѓаат директно во Скопје…