Лекиќ, Цвијиќ, Крпеж….подготвени за голем камбек против Македонија

Женската репрезентација на Србија за време на ЕХФ неделата на двапати ќе тестира против Македонија.

Србија токму на пријателските натпревари со нашата репрезентација ќе ги има на располагање повратничките – Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Катарина Крпеж и Катарина Томашевиќ.

Четирите ракометарки одлучија да направат кам-бек во репрезентативниот дрес и да им помогнат на своите помлади колешки во бараж дуелот со Словенија за пласман на СП 2026.

Двете екс членки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, пред неколку дена заедно со Ференцварош го освоија унгарскиот  Куп трофеј и се наоѓаат во одлична форма.

Катарина Крпеж, која дел од својата кариера ја мина во редовите на Металург, како и искусната голманка Томашевиќ, сигурно со своето големо искуство ќе бидат од голема помош.

Првиот контролен натпревар меѓу Србија и Македонија е закажан за 7 март, додека вториот на 8 март, и двата ќе бидат одиграни во Бор.