„Легијата на странци“ од АЕК вторпат го „тресна“ Олимпијакос!

Во натпревар од 18. коло од грчкиот шампионат се сретнаа двата најголеми ривали – АЕК Атина и Олимпијакос.

Тимот на АЕК Атина повторно успеа да го надигра Олимпијакос, овој пат триумфираше со 38:34, а првата пресметка ја доби со плус два на гостински терен, 30:28.

Како што е познато, амбициозниот тим на АЕК Атина важи за „легија на странци“, а во дербито со Олимпијакос во составот имаше само двајца Грци.

АЕК Атина е лидер во најквалитетното натпреварување во Грција, има максимален ефект 18/18, односно 36 бода.

Овој тим предводен од францускиот стратег Бужан, кој во ростерот ги има Дуарте, Кеита, Жанти, Давајес, Тепер, Шмит…исто така е на максимум и во Европскиот Куп со шест победи на шест меча, како и во грчкиот Куп со два од два.