Легендите на македонскиот женски ракомет, Индира Кастратовиќ и Валентина Радуловиќ, ги добија своите државни признанија.
Од страна на министерот за спорт, Борко Ристовски, им доделени државните признанија за особен придонес и освоена титула во Лигата на шампионите.
Кастратовиќ и Радуловиќ не беа присутни на свеченоста во јуни на која дури 22 македонски спортисти, 17 ракометар(ки), но сега го добија заслуженото.
Десниот бек освои титула во најелитното европско клупско натпреварување со Кометал Ѓорче Петров, додека левото крило се искачи на европскиот врв со данскиот Шлагелсе.