Следниот ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Веспрем, пред гостувањето во Битола се засили со исландскиот ас Арон Палмарсон, кој во унгарскиот гигант се враќа по седум сезони.
Раководството на Веспрем по повредата на Јахја Ел Дера, беше во потрага по негова замена, а одлуката падна токму на Палмарсон, а унгарскиот шампион веднаш го пријави за настап во европската елита.
Искусниот Исланѓанец во редовите на Веспрем настапуваше од 2015 до 2017 година, кога на неславен начин замина во Барселона, а со каталонскиот клуб успеа да дојде ја освои ЛШ во сезона 2020/21.
34-годишниот Палмарсон по настапите за Барселона и за данскиот Алборг, минатата сезона се врати во татковината и настапуваше за Хафнарфјордур со кој стана шампион на Исланд.
Веспрем во Битола ќе гостува на 24 октомври, а избраниците на Чави Пасквал во досегашниот тек од сезоната во Лигата на шампионите на пет одиграни натпревари триумфираа четири пати, загубија само во дуелот со Спортинг Лисабон.