Легендарниот Јоновски со поддршка за младите пелистерци

Младинците на Еурофарм Пелистер го играат полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против данскиот ГОГ Гудме. Тие се првата македонска младинска екипа што настапува на Ф4 турнирот во Келн, откако ЕХФ годинава првпат им даде шанса и на младите селекции на учесниците во ЛШ да се натпреваруваат за место на завршниот турнир.

На трибините во „Дормаген Арена“ има околу 300 поддржувачи на македонскиот тим, а младите пелистерци имаат поддршка и од легендарниот Ацо Јоновски.

Некогашниот македонски репрезентативец живее одамна во Германија, каде ја заврши играчката, а ја почна тренерската кариера.

Тој беше дел од најголемите успеси на Еурофарм Пелистер во минатото, а сега е тренер во третолигашот Драгонс.

СЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ РАКОМЕТНИ СЛУЧУВАЊА И ДОБИВАЈТЕ ГИ ДИРЕКТНО НА ВАШИОТ МОБИЛЕН – САМО СО ЕДЕН КЛИК