Легендарниот Генсхајмер официјално се збогуваше од ракометот

Еден од најдобрите ракометари на светот – Уве Генсхајмер официјално се збогуваше од ракометот.

Во САП Арената во Манхајм беше организиран проштален натпревар за Генсхајмер, а на теренот се соочија Рајн Некар и тим одбран од германската легенда.

Натпреварот заврши со победа на тимот на Генсхајмер, 38:36, а последниот гол беше токму дело на ветеренот.

Левото крило последниот официјален натпревар за ,,лавовите” го одигра на 30 мај, минатата година.

38-годишниот Генсхајмер во дресот на Рајн Некар настапуваше 17 години, додека на интернационално ниво три сезони играше во ПСЖ.

Во Бундес лигата одигра 435 натпревари и постигна 2.438 погодоци. Со Рајн Некар го освои Купот на Германија во сезона 2022/23, а во сезона 2012/13 со тимот од Манхајм се радуваше на освоената титула.

Со репрезентацијата на Германија е освојувач на бронзен медал од Олимписките игри (2016).