Трикратниот олимписки шампион со француската репрезентација, поранешниот ракометен ас Лук Абало, се враќа во Јапонија.
Oва е камбек за легендарното десно крило во земјата во која ја заврши својата играчка кариера во 2023 година.
Абало ќе има улога на консултант во својот поранешен клуб Зикстар Токио, како и во Јапонската ракометна федерација.
Неговата задача ќе биде да придонесе за развојот на јапонскиот ракомет и да создаде врска меѓу локалните таленти и европските клубови, со цел младите играчи да стекнат меѓународно искуство.