Некогашната ракометарка на Вардар и црногорска репрезентативка, Јованка Радичевиќ, најави дека претстојната сезона ќе и биде последна во кариерата.
Таа е една од најдобрите десни крила во Европа и во светот во последните петнаесетина години и игра се уште на највисоко ниво.
„Сакам да кажам дека ќе играм уште една сезона. Потоа ќе останам во ракометот и верувам дека ќе можам да се пронајдам во друга улога. Се надевам дека ќе можам на младите генерации да им го пренесам долгогодишното искуство“, изјави Радичевиќ за РТЦГ.
Кариерата ја почна во Будуќност, играше две сезони во унгарскиот Ѓер, па пет мина во Скопје во дресот на Вардар, а потоа беше дел од ЧСМ Букурешт, Кастамону, одново Будуќност и во моментов игра за Крим.
Со Црна Гора освои злато на ЕП 2012 година, сребро на ОИ истата година, како и бронза на ЕП 2022 година.