Репрезентативката на Шпанија, Нереа Пена, денеска на прес конференција во шпанскиот град Памплона го најави своето повлекување од ракометните терени.
34-годишната ракометарка со солзи во очите објави крај на својата богата кариера, која беше проследена со големи успеси, особено на клупско ниво.
Нереа во сезона 2021/22 и 2022/23 со екипата на Вајперс Кристијансад го освои златото во Лигата на шампионите. По завршувањето на ланската сезона најави пауза поради тендинопатија на левото колено.
На репрезентативно ниво, најголемиот успех со „црвената фурија“ го постигна на Европското првенство 2014 и Мундијалот во 2019 освојуваќи го сребрениот медал.
Во својата кариера, освен за Вајперс Кристијансад, настапуваше и за Ичако, Ференцварош, Шиофок и Есбјерг.