Легенда – Лунде ќе игра на 25. големо натпреварување!

Новата ера во женскиот норвешки репрезентативен ракомет со Оле Густав Гјекстад ќе започне на СП 2025 во Германија и Холандија.

Гјекстад го објави составот во кој има место за 18 ракометарки, а меѓу нив е легендарната голманка Катрине Лунде.

Настапот на Мундијалот во Германија и Холандија, ќе биде вкупно 25 големо натпреварување за Лунде, меѓу кои се ЕП, СП и ОИ.

Освен искусната Лунде, во составот на Норвешка ќе бидат и Хени Реистад, Нора Мерк, Вероника Кристијансен…

Норвешка е во група со Aнгола, Јужна Кореја и Казахстан и ќе биде фаворит број еден на претстојниот Мундијал.