Лазаров за Кузмановски: Има потенцијал за врвен клуб, но малку треба да го смени карактерот

Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, со 15 гола беше прво име во нападот на нашата селекција во дуелот со Португалија што заврши реми.

Тој заслужено беше избран за МВП на овој натпревар, а селекторот Кирил Лазаров вели дека го познава добро, верува во него и смета дека има потенцијал за голем клуб.

„Капитенот јас си го познавам, доста разговараме со него, верувам во него и му го знам карактерот. Филип Кузмановски има голема почит према мене, јас према него, и ако некој верува во него, тоа сум јас. Но, само кога е цврсто на земја. Не сум некогаш во право, ама кога сака и мора да ме послуша за некои работи. Со респект за Еурофарм Пелистер и за нашите клубови, тој има потенцијал за врвен играч и врвен клуб, но малку треба да го смени карактерот и да се адаптира на било која ситуација“, изјави Лазаров.