Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен објави дека ова лето ќе ја заврши богатата кариера.
Македонската легенда Кире Лазаров, кој имаше многу дуели на клупско и репрезентативно ниво со Хансен, за ТВ2 ја прокоментира неговата одлука да каже крај.
„Бев изненаден од веста дека Микел Хансен летово ја завршува кариерата. Не очекував дека толку рано ќе реши да стави крај на својата фантастична кариера, бидејќи игра на високо ниво во последниот период и во репрезентацијата и во клубот. Тој е автентичен и препознатлив играч поради неговиот стил на игра и ќе важи за еден од најдобрите играчи на сите времиња. Тој беше, и ќе продолжи да биде пример за поновата генерација ракометари. Хансен ги има можеби најтехничкиот удар и најтехничките додавања во историјата. Имаше одлична кариера и уживав играјќи против него и гледајќи го како игра ракомет. Кога игра ракомет Микел Хансен, ракометната игра изгледа многу едноставна, а не е така. Неговиот стил на игра, головите и додавањата се нешто што ќе ви недостига. Има многу нови, млади, одлични ракометари, но Микел…беше единствен“, изјави Лазаров.
Хансен се уште паузира поради повреда од настапите за Алборг, но се очекува да се врати за клучните натпревари од плеј-офот и во Лигата на шампионите.