Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, го објави списокот на повикани ракометари за претстојните бараж дуели со репрезентацијата на Фарски Острови за пласман на СП 2025.
На скратениот список место имаше за 20 ракометари, тројца од нив се интернационалци – Никола Митревски (Порто), Филип Талески (Бенфика) и Никола Костески (Плзен), а во конкуренција ќе бидат и седум резервисти.
Голем хендикеп за македонската репрезентација ќе биде отсуството на Ненад Костески, кој на почетокот на месец март се повреди на натпреварот против Колштад.
Собирот на репрезентацијата е закажан за 3 мај, потоа ќе следуваат напорно тренинзи и анаализа на островската земја.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра на 8 мај во Торшавн од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот.