Денеска во 17:00 часот, селекторот Кире Лазаров ќе го првиот собир со машката репрезентација на Македонија пред стартот на подготовките за Европското првенство.
Лазаров за првата фаза од подготовките повика 19 ракометари, а на списокот фигурираат уште осум резерви, кои може да се приклучат во секој момент.
На првиот собир нема да се појават капитенот Никола Митревски, како и Филип Талески, кои имаат клупски обврски.
Тие ќе му се приклучат на националниот тим во Стара Пазова, каде од утре ќе се одвиваат тренинзите на ракометарите.
На 29 декември во Стара Пазова ќе се одигра првиот пријателски натпревар против Црна Гора, додека на 4 и 5 јануари во Скопје на програмата се две средби против селекцијата на Грција.
Македонија е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија, а првата средба се игра на 10 јануари во Диселдорф на стадионот „Меркур Шпил Арена“ против Франција.