Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир по настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка, и ќе ги стартува подготовките за двомечот со Словенија од квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Селекторот Кирил Лазаров објави список од 20 ракометари, на кои ќе смета на подготовките, а главно тоа се играчите што настапија и на СП 2025. Собирот на ракометарите ќе биде денеска од 13:30 часот.
Македонија и Словенија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека втората средба е во Копер на 16 март во „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.
Нашата репрезентација е на делба на втората позиција со Литванија со по два бода, додека Словенците се први со четири бода и две победи на два меча, додека Естонија е последна без бодови.
За Македонија покрај двомечот со Словенија ќе остане уште гостување кај Естонија во Талин и домашен натпревар против Литванија во мај.