Денеска Ракометната федерација на Македонија и селекторот Кирил Лазаров ја продолжија соработката за уште три години.
Тој ќе остане на кормилото на машката репрезентација најмалку до 2029 година, и ако го одработи договорот до крај ќе комплетира седум години како селектор.
Лазаров истакна благодарност за укажаната доверба и поддршка.
„На заедничко задоволство ја продолживме соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на национален тим, поготово на својата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за укажаната доверба и поддршка. Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност ќе продолжиме да работиме на напредокот на националниот тим и достоинствено претставување на Македонија, со фокус на стабилност и резултати на долг рок“, изјави Лазаров.
Следен предизвик за Лазаров и македонската репрезентација ќе биде настапот на ЕП 2026 во Данска, Шведска и Норвешка.

























