ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија против Данска без најискусните – еве кои ќе играат

Европската ракометна федерација ги објави составите на Данска и Македонија за првиот меч на ЕП.

Селекторот Кирил Лазаров реши за оваа пресметка да ги изостави двајцата најискусни – Жарко Пешевски и Никола Митревски, а нема да игра ниту најмладиот Дамјан Митев.

Данскиот стратег Николај Јакобсен ќе смета практично на најсилниот состав за двобојот со Македонија.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва во „Јуске Банк Боксен Арена“ во Хернинг со почеток од 20:30 часот.