Атанасијевиќ место Манасков, сениорите на собир за двомеч со „самураите“

Машката репрезентација од денеска е на собир во рамките на ЕХФ неделата во која ќе бидат одиграни две пријателски средби со Јапонија.

Селекторот Кирил Лазаров направи една промена во ростерот и го повика левото крило Петар Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер.

Тој доаѓа на местото на Дејан Манасков, кој нема да му биде на располагање на селекторот Лазаров откако го откажа повикот.

Првиот меч со Јапонија е од затворен тип и ќе се игра на 30 октомври со почеток од 18:00 часот, додека вториот е од отворен тип и закажан за 1 ноември од 16:00 часот во Куманово.