Лазаров повика нов играч – експресно замина за Данска!

По повредите на двете леви крила Иван Џонов и Петар Атанасијевиќ, селекторот Кирил Лазаров повика нов ракометар.

Капитенот на Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Лазаров и веќе е на пат за Данска.

Џонов и Атанасијевиќ се повредија на дуелот со Португалија уште во првиот дел, па потоа на таа позиција играше Павле Атанасијевиќ.

Ојлески веќе е во натпреварувачка форма, вчера и завчера играше со Динамо Панчево и Тримо Требње со Охрид, а сега ќе се приклучи на националниот тим.

Левото крило беше на поширокиот список, после остана на списокот на резерви, па нема да има проблеми да заигра за репрезентацијата во Данска.

Македонија ја очекува важен натпревар против Романија, што ќе се игра на 20 јануари од 18:00 часот.