По четири дена тренинзи во Скопје, машката репрезентација на Македонија денеска попладне заминува за Хрватска, каде ќе тренира до 30 декември.
Во рамките на втората фаза од подготовките ќе биде одигран и еден натпревар против Хрватска на 28 декември.
Избраниците на Лазаров се враќаат во Скопје на 30 декември во вечерните часови, па следуваат два слободни дена на 31 декември и 1 јануари.
Во Хрватска патуваат сите 20 ракометари, а голманот Мартин Томовски доаѓа на 2 јануари и тогаш нациоаналниот тим ќе тренира комплетен.
Потоа од 8 до 10 јануари следуваат пријателски средби во Винтертур со Швајцарија, Бахреин и Украина, а потоа од Швајцарија се заминува за Данска на ЕП.
























