Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, ги одбра ракометарите што ќе бидат дел од пријателските средби против јужниот сосед.
Од повиканите 22 ракометари, во Солун ќе бидат 18, а во Скопје останаа четворица – Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Емилијан Ѓорговски и Марко Стојковиќ.
Двете пријателски средби против јужниот сосед се на програмата утре и в сабота во салата „Микра“ во Солун од 17:30 часот.
Овие две средби, како и следните две во јануари 2024 година се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.
Состав на Македонија:
голмани: Никола Митревски, Марко Кизиќ, Мартин Томовски,
бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Давид Савревски
крила: Цветан Кузманоски, Петар Атанасијевиќ, Никола Костески, Ненад Костески
пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Милан Лазаревски