Машката репрезентација на Македонија славеше со 37-33 против Естонија и имаше победнички старт на квалификациите за ЕП 2026.
Селекторот Кирил Лазаров е задоволен од победата, но вели дека ваквиот натпревар треба да биде голема опомена пред гостувањето кај Литванија.
„Не сакам кога пред натпреварите ќе бидеме прогласени за апсолутни фаворити, тоа делува на нашиот менталитет, потоа имам проблем, не само ја, туку и сите други тренери, да ја доведат екипата во ред. Бев претпазлив, иако исрено не очекував дека ќе биде толку тешко. Задоволен сум што победивме, а ова е опомена пред неделниот меч со Литванија. Ќе анализираме и ќе се обидеме да бидеме поподготвени. Естонците беа спремни за борба, ние го добивме натпреварот на квалитет заедно со нашата публика и нема да правиме од ова сега спектакли. Дресот на национален тим тежи многу, одговорноста е голема. Следува Литванија, која е поквалитетна од Естонците. Традицијата вели дека немаме триумф против нив, мора да се подготвиме добро и одиме на победа“, изјави Лазаров.
Следен предизвик за Македонија ќе биде гостувањето во Виљнус, каде што ќе се соочи со незгодната Литванија.