Познат списокот за ЕП – еве кои двајца ракометари отпаднаа од комбинација!

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го направи последниот рез пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Од 21 ракометар што ги имаше на располагање, на ЕП нема да патуваат десниот бек Томислав Јагуриновски од Охрид и средниот бек Мартин Ивановски од „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

Останатите 19 ракометари ќе патуваат на подготвителниот турнир во Винтертур и ќе играат на пријателските средби со Бахреин, Украина и Швајцарија.

Потоа истите ќе патуваат за данскиот Хернинг, каде на 13 јануари ќе се одигра уште еден пријателски натпревар против данскиот прволигаш Митјиланд.

Состав на Македонија:

Никола Митревски, Иван Галевски, Мартин Томовски, Атанасијевиќ Петар, Иван Џонов, Костески Никола, Костески Ненад, Атанасијевиќ Павле, Жарко Пешевски, Михаил Аларов, Самоил Ристевски, Никола Маркоски, Марко Стојковиќ, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Филип Кузмановски, Дамјан Митев, Марко Митев, Игор Ѓорѓиев.