Лазаров: Мора да веруваме во позитивен резултат

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за двомечот со Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026.

Двете репрезентации најпрво ќе се сретнат во Скопје, а второто соочување ќе го имаат во Копер.

Селекторот Кирил Лазаров имаше пофални зборови за словенечката репрезентација, истакнувајќи дека е во ТОП 8 репрезентации на европско, но и на светско ниво.

,,По СП прв настап пред домашна публика. Гледате и самите дека интересот е огромен, картите се распродадоа во еден ден, тоа покажува дека владее голем интерес и дека Македонија и нацијата е желна за ракомет. Ни доаѓа сериозен ривал, ривал кој што играше полуфинале на последните ОИ пред седум- осум месеци, ривал кој заврши на петтото место на последното ЕП и ривал кој секогаш атакува на медал. Станува збор за квалитетна репрезентација, технички дотерана, и тактички исто, која знае што сака во секој сегмент од ракометната игра, ќе пробаме максимално да го искористиме овој подготвителен период, ќе се обидеме да се покажеме во добро светло, воопшто нема да биде лесно, свесни сме за тоа, бидејќи Словенија е во ТОП 8 репрезентации на европско и светско ниво. Ќе имаме само три трининзи, толку ни дозовлува времето, знаеме што сакаме, ќе дадеме насока од стурчниот штаб и се надевам дека в среда ќе нè краси борбеноста”.

Лазаров вели дека треба да го негува стилот на игра од Светското првенство во Вараждин.

,,Мора да се бориме до крајот, исто како на натпреварите на СП, да веруваме во позитивен резултат, иако пак ќе кажам дека нема да биде лесно, а до победа може само со голема борба и пожртвуваност во играта. Ние нема да се оптеретуваме многу како ќе игра ривалот, ќе гледаме да бидеме на посакуваното ниво, доколку може нешто да се подобриме, иако времето е кратко, но неблагодарно е да се зборува. Сепак, треба да го задржиме нашиот стил на игра од Светското првенство и да се обидеме да го надградиме. Клучно ќе биде да одиграме цврста одбрана, да имаме расположен голман и добра транзиција, бидејќи сме една млада екипа. Од анализите што ги направивме по Светското првенство, можеме да заклучиме дека можеби ни недостасуваше малку повеќе искуство за да направиме нешто повеќе во тие тесни натпревари. Но, како што минува времето, верувам дека ќе бидеме сè подобри во тој сегмент”.

Македонија и Словенија првиот меч ќе го одиграат во Скопје на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот, додека втората средба е во Копер на 16 март во „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.

 

Кузмановски: Мотивацијата е голема, одиме по победа над Словенија!

 

Сениорите од денеска на собир, стартува мисијата „Словенија“

 

Петар Атанасијевиќ отпадна од комбинација, Лазаров повика нов ракометар