Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, ќе го има првиот собир со ракометарите на 20 декември во Скопје.
Оние што ќе се најдат на скратениот список, веќе на 21 декември заминуваат за Стара Пазова, Србија, каде што ќе бидат одработени дел од подготовките пред настапот на Европското првенство 2024 година.
Таму треба да биде одигран и пријателскиот натпревар против селекцијата на Црна Гора, која исто така ќе се подготвува за континенталниот собир.
Македонија на 4 и 5 јануари во Скопје ќе игра уште два меча со Грција, со која веќе тестиравме два пати во Солун, а тоа ќе бидат последните проверки пред патот за Диселдорф.
На 10 јануари е првата средбата на „Меркур Шпил Арена“ против Франција, на 14 јануари ќе играме против домаќинот Германија, додека на 16 јануари е најважниот натпревар против Швајцарија.